Тенис

Ѓоковиќ против Циципас за трофејот во Дубаи

28. февруари 2020 - 20:09 | МИА/КАЈГАНА

Новак Ѓоковиќ ќе биде ривал на Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Дубаи. Српскиот тенисер во полуфиналето спаси три меча топки и на крајот славеше над Гаел Монфис со 2:6, 7:6, 6:1.

„Имав среќа да најдам начин да се вратам во вториот сет. Имав сет топка на 5:4 и 6:5, но Гаел одигра фантастично, никогаш подобро. Многу тешко е да се пробие кога игра онака во дефанзива. Имаше навистина одличен настап“, рече Ѓоковиќ.

Стефанос Циципас во првото полуфинале го елиминира Британецот Даниел Еванс со 6:2, 6:3.