Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен

Откако по пријави на граѓани Општината беше информирана дека на Водно има повторно градежни активности, денес на терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбаното зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата што копала.

Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата на која одобрение за градба има инвеститорот „Маркеза“ ДООЕЛ, издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамките на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставниот суд. По одлуката на Уставниот суд, само оние со правосилни одобренија за градење може да градат во тој опфат.

„Како што веќе изјавив, на овој потег додека сум јас градоначалник, нема да дозволам градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради од причини, кои повеќепати ги образложивме во јавноста. Според информациите, инвеститорот почнал активности за ископ, очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не почне градежни активности во предвидениот рок, по закон ја губи. Но, тоа е сè што може да направи бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат за кој, како што веќе во повеќе наврати потврдив, Општината нема да го гради“, истакна градоначалникот Герасимовски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе