Газдата на Милан со луда идеја се обидува да го внесе Ѓоковиќ во фудбалскиот свет

Сопственикот на фудбалскиот великан Милан, Џери Кардинале, дошол на сосема луда идеја да го ангажира Новак Ѓоковиќ во тренерскиот тим на клубот од Милано.

Новак Ѓоковиќ е познат во светот на спортот како некој со најсилна ментална издржливост и победнички менталитет, што му донесе триумфи и титули и кога не брилјираше. Токму затоа сопственикот на Милан сакал да го ангажира во клубот.

Според La Repubblica, не се работи само за несериозна шега, туку за сериозни намери на Кардинале да го воведе Ѓоковиќ во клубот, што секако би било преседан во светот на спортот, особено што српскиот тенисер сѐ уште не ја завршил тениската кариера.

Ѓоковиќ, кој отсекогаш бил жесток навивач на Милан, доби понуда да биде мотивациски тренер и да им пружи поддршка на играчите кои оваа сезона се пред бројни предизвици. Сепак, не беше постигнат договор.

Исто така, овој потег би бил маркетиншки преседан бидејќи се работи за глобална спортска икона, која може да донесе победнички менталитет во клубот. Во исто време, неговиот пријател Златан Ибрахимовиќ е вработен во Милан, па би било многу интересно да го видиме ова дуо заедно на важни позиции во клубот.

Ѓоковиќ никогаш не ја криел љубовта кон Милан, редовно ги посетува натпреварите на стадионот „Џузепе Меаца“, а ја искористил приликата да запознае и бројни фудбалери. Сепак, идејата на Кардинале е целосно луда бидејќи Ѓоковиќ едвај има време да се посвети на својата тениска кариера и обврските кои доаѓаат со неа.

URL

Но, како и секој спортист, Новак нема вечно да се натпреварува, а што ќе прави кога ќе се пензионира, останува да видиме.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе