КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Гатузо го пофали Елмас за играта против Лацио

Наполи го исфрли Лацио од италијанскиот куп, а нашиот фудбалер одигра 23 минути за кои успеа го импресионира тренерот Гатузо.

Синоќа на „Сан Паоло“ Наполи го пречека Лацио во четвртфиналето од Копа Италија и го совалада со минимални 1:0 со гол постигнат уште во втората минута преку Лоренцо Инсиње.

Откако Џенаро Гатузо седна на клупата на „Партенопеите“, нашиот Елиф Елмас добива многу малку шанси за играње. Или седи на клупата за резерви, или влегува при крај. Одигра 90 минути само на претходниот куп натпревар со Перуџа.

Синоќа влезе во игра во 67. минута на местото на Хосе Каљехон, а тренерот Гатузо имаше пофални зборови за неговиот краток настап.

„Елмас имаше навистина одличен натпревар. Тој игра на средината, но исто така одигра одлично латерално. Би сакал да му честитам за неговиот настап. Неговото влегување во игра ни донесе освежување кога не ни одеше баш добро“, рече Гатузо.

Се надеваме дека во иднина Елмас ќе добива повеќе минути на теренот, како што беше случај под водство на Карло Анчелоти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе