Футаба го плати данокот на Фукушима: Дали градот на духови некогаш ќе оживее?

Во земјотресот и нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, во градот Футаба кој спаѓа во зоната на исклучување беа уништени 90% од градбите и беа евакуирани сите жители. Само 4% од градот останаа достапни за посетители.

Ако денес го посетите, ќе најдете град на духови со напуштени згради и продавници, рѓосани автомобили и паркинзи обраснати од трева. Иако забраната за влегување во Футаба беше тргната, животот никогаш вистински не се врати во градот за кој еден од поранешните жители рече дека личел на гробница.

Јапонската влада дозволи низ градот да помине штафетата со Олимпискиот факел, но останува отворено прашањето дали овој град на духови некогаш повторно ќе оживее.