Функционерите на минималец, нема да се кратат платите на администрацијата

Минимална нето плата од 14.500 денари во април и мај ќе добијат сите функционери на државно и на локално ниво, со исклучок на именуваните лица во здравствениот сектор, како дел од вториот сет економски мерки што ги објави денеска Владата. Но, таа мерка нема да се однесува за администрацијата на која платата нема да ѝ биде намалена, а за што имаше предлог од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот Спасовски соопшти дека уредбата на Владата за исплата на минимална плата на функционерите нема да се однесува за именуваните лица, согласно со Законот во јавните здравствени установи. Со оваа мерка, прецизираше, се опфатени претседателот на државата, претседателот на Собранието, пратениците, претседателот на Владата, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на државни институции,  градоначалници и сите други именувани лица на национално и на локално ниво.

– Сите избрани и именувани функцонери, од претседателот, па до најниско ниво директори на државно и локално ниво, ќе одат на минимална плата затоа што сметаме и јас и Владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние треба тоа да го направиме први. И јас како претседател на Владата и министрите и замениците министри и државните секретари и пратениците и директорите и градоначалниците. Сите до еден треба да ја покажеме солидарноста, рече премиерот Спасовски, на прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на различните ставови на СДСМ чиј лидер побара намалување на платата на амдминистрацијата и на ДУИ кои беа против тоа, Спасовски истакна дека при носење на одлуката не биле соочувани аргументи на партиите, туку аргументи на бројките и анализите.

– Затоа сметавме дека првин функционерите мора да ја понесат таа одговорност и солидарност. Апсолутно не станува збор за добивање битка. Ако некој смета дека во услови на криза може да добие битки многу се лаже и многу греши, нагласи Спасовски.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потенцираше дека сме во кризна ситуација и оти нема победници во склоп на Владата. Имаме одлични односи во Владата, како ДУИ сме го кажале нашиот став како и сите други партии. Како економски тим на Владата предводена од премиерот Спасовски сме ги зеле предвид сите предлози на политичките партии, стопанските комори, граѓанските организации и граѓаните со цел да креираме што подобри мерки за да влијаеме како држава за да не се изгубат работни места, рече Бектеши.

Со вториот економски сет мерки е предвидено и претседателот и членови на управни и надзорни одбори, претседатели и советници во советите на општините и на Град Скопје, претседатели и членови на комисии формирани од извршна и локална власт кои истовремено некаде работат нема да земаат никаков надомест додека трае кризата.

Одлуката ќе важи додека Владата не донесе друга одлука, односно нема да важи за невработените лица.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе