Фудбал

Фудбалерите до 17 години двапати подобри од Босна и Херцеговина

14. февруари 2020 - 14:40 | Ф.З.

Македонската репрезентација до 17 години денеска ја оствари и втората победа на гостувањето кај Босна и Херцеговина.

Младите Македонци во вторникот победија со 1:3, а денеска со 2:3 за двата контролни натпревари да ги завршат со одличен успех.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска реезултатот го отворија уште по само три минуту игра преку Георг Стојановски. На почетокот од вториот дел Босанците израмнија, а потоа и направија пресврт за 2:1.

Во 79. минута Бесарт Гуџуфи израмни на 2:2, а пред крајот на натпреварот со својот втор гол ја донесе втората победа.

За Македонија денеска настапија: Васко Василев; Никола Павлески (59' Азур Шехиќ), Енис Буќи, Матеј Ангелков, Дашмир Елези, Метин Иљази (46' Бесар Гуџуфи), Георг Стојановски (85' Ерион Шуку), Ардијан Чилафи (65' Матео Софијаноски), Мирче Стоилов (27' Марко Ристов), Марко Софијаноски (46' Донарт Ибраими, 85' Албан Шабани), Борјан Попоски.

(0:1 на 4:00, 1:1 на 1:04:10, 2:1 на 1:22:45, 2:2 на 1:35:20, 2:3 на 1:41:15)

На првата средба головите за Македонија ги постигнаа Ардијан Чилафи (два) и Дашмир Елези, а за нашата репрезентација настапија: Стефан Тасев; Марко Ристов, Бленд Зеќири (46' Борјан Поповски), Енис Буќи, Матеј Ангелов, Метин Иљази (46' Дашмир Елези), Георг Стојановски (66' Мите Митев), Ардијан Чилафи (90'+1 Донарт Ибраими), Бесар Гуџуфи (79' Марко Софијаноски), Мирче Стоилов (79' Никола Павлески), Матео Софијаноски (66' Ерион Шуку). На овој натпревар нашиот голман одбрани и пенал при крајот на натпреварот.

(0:1 на 43:00, 0:2 на 45:00, 1:2 на 1:22:30, 1:3 на 1:45:25)