Ф1

Формула 1 официјално го одложи трките во Монако, Шпанија и Холандија

19. март 2020 - 19:13 | МИА

Монако, 19 март 2020 (МИА) – Формула 1 и официјално ги одложи трките во Монако, Шпанија и Холандија.

Сите три стартови требаше да се одржат во мај, но сега сезоната ќе започне во Азербејџан најрано на 7 јуни. Веста дојде по конференцискиот повик помеѓу Чејс Кери, Рос Браун, Жан Тод и десетте шефови на тимови.

– Поради континуираната комплексна и променлива глобална состојба со Covid-19, ФИА, Ф1 и промоторите на трите трки ги донесоа овие решенија за да обезбедат здравје и безбедност на патничкиот персонал, учесниците во првенството и навивачите, што останува наша примарна грижа, се вели во заедничко соопштение.

Понатаму, се споменува дека сите ќе разговараат за можните алтернативни датуми во текот на годината кога да се одржат одложените трки. ФИА и Ф1 очекуваат првенството да започне веднаш штом е безбедно.