Формата на далечниот астероид Ultima Thule е жешка тема на интернет

Чудната форма на Ultima Thule, астероидот што се наоѓа на 1,6 милијарди километри оддалеченост од Плутон и кој вселенското летало на НАСА New Horizons го одмина на 1 јануари годинава, стана најинтересната тема за разговор на ентузијастите и познавачите на вселенската наука.

Гиф видеото што го објави НАСА, а на Twitter го сподели Лабораторијата за применета физика при универзитетот „Џонс Хопкинс“ (што учествуваше во создавањето на леталото за мисијата New Horizons), покажува како изгледа ротацијата на Ultima Thule, откако уредот Long Range Reconnaissance Imager (LORRI) поставен на леталото направи фотографии од астероидот кога прелета покрај него.

Во соопштението на НАСА се објаснува дека New Horizons поминало на само 28.000 од астероидот и се додава дека снимките биле изострени и зголемени за да се доловат деталите.

„Ротацијата на Ultima Thule трае околу 16 часа., така што гиф видеото опфаќа околу половина ротација“, вели НАСА.

Научниците сега ќе ги искористат овие снимки за да одредат каква е точно тридимензионалната форма на Ultima Thule, за да може полесно да ја проучат неговата природа и потекло.

New Horizons на 1 јануари прелета покрај астероидот 2014 MU69 Ultima Thule, кој се наоѓа на работ на нашиот Сончев Систем, на околу 6,5 милијарди километри од Сонцето.

Астероидот прв пат беше забележан со телескопот Хабл во 2014 година.

НАСА му даде име Ultima Thule што значи „Работ на светот“, во март, 2018 година.

Астрономите велат дека прелетувањето покрај астероидот ќе им дадат на научниците важни сознанија за тоа како се формирале планетите, месечините и други тела во Сончевиот Систем.

Корисниците на социјалните мрежи се позабавуваа со гифот и даваа коментари за формата на астероидот што се далеку од научни – дека личи на снешко, на компир, па дури и „вселенски кикирики“, но исто така возбудено прашуваа кога ќе има нови снимки.

НАСА вели дека ќе треба да поминат 20-тина месеци за да се префрлат до Земјата сите снимки и податоци од далечниот астероид што некои астрономи веќе почнаа да го викаат нагалено „вселенски снешко“.

Астероидот е со големина на градот Њујорк и орбитира во областа на Сончевиот Систем позната како Појасот Кипер. Ова е регион во вселената после орбитата на Нептун и се состои од неколку замрзнати објекти за кои се смета дека се остатоци од раѓањето на Сончевиот Систем пред 4,5 милијарди години.

Објектите во Појасот Кипер се екстремно ладни, -238,15 степени Целзиусови. Поради нивната ниска температура не можат да се менуваат внатрешно, ни надворешно и се скаменети во времето со милијарди години.

„Никогаш не сме допреле до нешто што било замрнато толку долго време, нешто толку совршено зачувано од првите денови од постоењето на Сончевиот Систем“, вели Алан Стерн, главен истражувач на мисијата New Horizons.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе