Музика

Forbes: Музички ѕвезди со најголема заработка во 2019

10. декември 2019 - 15:32 | Б.С.Б.

Тејлор Свифт и Канје Вест пред 10 години имаа конфликт на сцената на MTV Video Music Awards, по што нивното соперништво продолжи на други страни, пишува Forbes. Оваа година тие се натпреваруваа за првото место на листата на магазинот Forbes, за музичар со најголема заработка во 2019 година.

Свифт успеа да го освои првото место на листата, со заработка од 185 милиони долари, пари што ги заработи благодарение на новиот дискографски договор и многуте успешни настапи. По втор пат во кариерата Свифт застана на првата позиција на листата што Forbes традиционално ја објавува секоја година.

Канје Вест во 2019 година заработи 150 милиони долари благодарение на неговите Yeezy патики. На третото место е пејачот Ед Ширан со заработка од 110 милиони долари, а по него следи калифорнискиот рок бенд Д Иглс со заработка од 100 милиони долари.

На петтото место е Елтон Џон кој заработи 84 милиони долари, а по него се Џеј Зи и Бијонсе изедначени со по 81 милион долари.

На осмото место е Дрејк со 75 милиони долари, на деветто место е Диди со 70 милиони и на десеттото место се Металика со 68,5 милиони долари.

Вкупно пресметано, десетте најплатени музичари во 2019 година заедно заработиле над милијарда долари во периодот од јуни 2018 до јуни 2019 година, за разлика од минатогодишната пресметка од 886 милиони долари.