ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Флик: Му честитам на Лампард, има млад тим кој игра одлично

Тренерот на Баерн е импресиониран од работата и резултатите на Френк Лампард чиј што тим вечерва ќе го пречека неговиот Баерн.

Челси сезонава не се бори за титула во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите сите му предвидуваат елиминација од Баерн. Но, Ханси Флик е претпазлив, младиот и полетен англиски тим е способен да направи доста проблеми.

„Морам да му упатам комплименти на Френк Лампард. Има млад состав кој е многу ладнокрвен на терен. Брзи се на контри веднаш гледајќи како да постигнат гол. Тие се тим кој може да ве стави под страшен притисок, особено кога играат дома“, вели Флик.

Еден од адутите на Германците е бразилскиот виртуоз Филипе Кутињо, кој игра топло-ладно.

„Секогаш сум изненаден кога гледам што Кутињо покажува на тренинг. Тој е фудбалски магионичар. Понекогаш самиот се става под голем притисок, секогаш сака да остави свој белег на натпреварот... Мислам многу на него и како играч и како личност“.

Баерн нема проблеми со постигнувањето голови бидејќи напред ја има полската машина Роберт Левандовски. Затоа, пак, одбраната често знае да прима голови.

„Ако не го рачунаме натпреварот со Лајпциг, ние дадовме гол на секој натпревар (во Бундеслигата). Во поглед на таа статистика сме импресивни. Очекувам и сега истото да продолжи. Нестрплив сум и да се појавам на овој стадион каде сум бил неколку пати, најскоро лани со Антрахт. Ќе биде посебен натпревар“, рече стратегот на Баерн.

„Левандовски е во животна форма, полн со самодоверба и пасија. Се надеваме дека ќе продолжи така и против Челси, тој е од огромна важност за нас“, заврши Флик.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе