Ракомет
СЕХА ЛИГА 2019/20

Финалето на СЕХА лигата ќе се игра во Задар

25. февруари 2020 - 12:46 | Ф.З.

Раководството на лигата одлучи Фајнлфор турнирот оваа сезона да се игра во Задар, Хрватска.

Најдобрите четири тимови оваа сезона во СЕХА лигата ќе разигруваат за титулата во јадранскиот град Задар. Така одлучи раководството на лигата. Завршниот турнир ќе се одржи од 3 до 5 април во „Крешимир Чисиќ“ салата во Задар.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека Задар ќе биде домаќин на деветтото издание на СЕХА - Газпром лига фајналфор. Ова е третпат, после Загреб 2012 и Вараждин 2016, турнирот да се одржува во Хрватска. Како и секогаш, очекуваме навивачите да бидат сведоци на одличен ракомет, но и да уживаат во целокупниот настан. По одличната организација на фајнлфорот 2019 во Брест, Белорусија, ќе се обидеме да го надминеме тој праг организирајќи уште еден фантастичен турнир. Многу сме задоволни што еден од најпосетените туристички дестинации во Медитеранот ќе биде домаќин на СЕХА фајнлфорот“, изјави Синиша Остоиќ, 

Двораната „Крешимир Чисиќ“ е со капацитет од 8.500 гледачи, а е изградена во 2008 година. Билетите допрва ќе бидат пуштени во продажба.

Бранител на тронот е македонската ракометна гордост, Вардар.