Rotten Tomatoes е еден од најпопуларните агрегатори на филмски критики од најважниот критичар – публиката.
Најнов избор на филмофилите е листата од 140 најважни филмови од 90-тите, односно филмови кои ја доловуваат сржта на оваа влијателна, а според многумина и неповторлива филмска деценија.
Тоа беше златната ера на американскиот независен филм (Pulp Fiction, Good Will Hunting), ренесансата на анимираните филмови (The Lion King, серијалот Toy Story), враќањето на „слешер“ хорорите (Scream), како и постигнувањето целосна зрелост на режисери како Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг во времето на студискиот систем на правење филмови.
Во истиот период блеснаа комедиите со големи ѕвезди (Happy Gilmore, There’s Something About Mary), и никнаа блокбастерите со невидени специјални ефекти (Titanic, Independence Day).
Според изборот на филмофилите, „Pulp Fiction“ на Квентин Тарантино е најважниот и највлијателниот филм од 90-тите. Во прилог погледнете го изборот на топ 10, а на ОВОЈ линк целосната листа од 140 филмови.