Филипче: Успешно се амортизира ударот на коронавирусот, имаме линеарен пораст

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Во изминатите 24  часа во државава се направени 496 тестирања на COVID-19, од кои потврдени се позитивни 48 лица или вкупно 711. Направени се вкупно 7.067 тестирања. Од Клиниката за инфективни болести после два контролни негативни тест испишани се тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба, а пак примени се двајца нови пациенти.

-Во Агенцијата за храна и ветеринарство една вработена која повеќе од една недела не била на работа од 2 април била дома заради ротацијата на тимовите во институцијата. Седум колеги кои што биле во контакт со заболената се во домашна изолација.  Во објектот на институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење, истакна Филипче.

Министерот на прес-конференцијата потсети дека пред нас е викендот кој ќе биде затворен за движење од денеска од 16 часот до понеделник до пет на територијата на цела држава.

-Јас верувам дека сите граѓани ја разбираат потребата од ваквите мерки и знам дека е тешко да се седи дома после вакво убаво време, но токму во овие услови мора да се покаже максимална одговорност и секој од нас да се придржува кон она што е пропишано, истакна Филипче.

Нагласи дека оваа состојба нема да трае долго, до колку се придржуваме до мерките мерки. Потенцира дека е многу битно што  има линеарен пораст  на бројот на пациенти, што значи дека успешно се амортизира ударот, во смисла на бројот на пациенти кои се примаат во клиниките.

Министерот Филипче  информираше дека од почетокот на следната недела ќе почнат подготовките за денот кога, како што рече, нашите животи  постепено ќе ги вратиме во нормален колосек, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, рестораните, угостителските објекти, продавниците…

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе