Филипче: Патникот од Дубаи има грип, нема корона вирус

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Патникот што допатувал од Дубаи и кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Инфективната клиника нема корона вирус. Тестирањето на пациентот покажало дека тој бил позитивен на Инфлуенца тип Б, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи. Имал симптоми слични на грип. Направени беа тестовите и кон ова лице се постапувало со целото внимание како за сомнителен случај заболен од корона вирус Covid-19.

Тој рече дека во текот на денешната седница на Владата биле донесени повеќе заклучоци, препораки, задолженија кон Министерството за здравство.

– Дел се преземени од вчерашниот состанок на ЦУК. Прво ќе повторам, патниците кои доаѓаат од Северна Италија ќе се пропуштаат на пет гранични сувоземни премини, тоа се Табановце, Деве Баир, Блаце, Ќафасан како и Богородица, како и на двата аеродроми во Скопје и во Охрид. Се задолжи Министерството за здравство да набави соодветна опрема со што ја дополнуваме резервата што ја имаме, која во овој момент освен што ја користиме за наши потреби тука во јавноздравствените институции беше дистрибуирана и по граничните премини со цел да се заштитат граничните полицајци, рече Филипче.

Потенцира дека презеле обврска да набават и дезинфекциски средства кои ќе бидат дистрибуирани во основните и средните училишта, со цел подобрување на статусот на хигиена за да се спречи ширењето на инфекцијата.

– Се задолжија сите јавни институции, основните и средните училишта и универзитетите да ги одложат сите планирани патувања, студиски престои и екскурзии во регионот на северна Италија и го повторуваме апелот да не се патува во овој регион, освен ако нема нема итна потреба. Во комуникација сме со сите институции, не само во здравствениот сектор, туку преку веќе формираната група што ги менаџира сите информации во врска со ова прашање во рамките на Министерството за здравство во која членуваат и претставници на други институции, како МВР, за одбрана, Царина, ЦУК, Министерство за образование и наука, практично ќе биде и еден комуникациски центар со цел точно информирање на јавноста, истакна Филипче.

Додаде дека сите капацитети во рамки на здравствениот систем и покрај тоа што некои писмени известувања веројатно доцнат се благовремено известени за активностите кои треба да ги преземат преку директен контакт со директорите, односно менаџерите со цел тие да бидат подготвени да презрмат дел од пациентите, кои евентуално треба да бидат третирани или патници и граѓани, кои треба да бидат опсервирани со статус на изолација.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип ќе биде по потреба простор за изолација, а не за карантинско лекување.

– Директорите на болниците во Штип, Велес и во Гостивар беа информирани што е идејата. Тие веќе преземаа соодветни чекори да се спремат одделенијата во таа насока. Имаме добра координација зад која стојат однапред добро испланирани чекори по препорака на Комисијата за заразни болести, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека во овој момент тоа што Владата веќе го направи е тоа што укажа дека мора да се откажат сите патувања организирани од јавните институции.

Посочи дека не можат во овој момент да направат ништо повеќе од тоа освен да упатат апел граѓаните да не патуваат во Италија и во другите земји, каде е регистрирано присуство на коронавирусот.

– Тоа е сериозен дополнителен ризик на сето ова што сега го имаме со сите патници кои и сега доаѓаат од регионот на Северна Италија, како и патници кои доаѓаат и од останатите соседни земји. Сметам дека нашите граѓани не треба да преземаат таков ризик, додаде Филипче.

Од Министерството за здравство апелираа сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје. Од Министерството потенцираа дека здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе