Македонија

Филипче објави контакт телефони за пријавување на сомнителни случаи за корона вирус

25. февруари 2020 - 19:33 | Кајгана / МИА

Министерот за здравство Венко Филипче на Facebook објави телефонски броеви на кои може граѓаните да пријават сомнителни случаи на корона вирусот.

„Потсетуваме дека за контакт по пристигнувањето во територијата на Република Северна Македонија и при сомнителни симптоми налик корона вирусот патниците да се пријават на броевите за контакт кои се поделени во региони“, стои во објавата на Филипче.

Станува збор за 14 телефонски броеви со кои се покрива целата територија на државата.

Ова е уште една од низата мерки кои почнаа да се применуваат во земјата, со цел засилена заштита од евентуална појава на зараза со корона вирусот.