Филипче: Набавени 12 нови возила за Итната медицинска помош

Скопје, 17 ноември 2018 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден заврши постапката за набавка на нови возила за Итната медицинска помош. Набавивме 12 нови возила кои ќе бидат распределени насекаде низ државата. Капацитетот на Брза помош во Скопје ќе се дуплира, на досегашните шест возила ќе додадеме уште шест и на тој начин веќе се приближуваме до просекот што го бара Светската здравствена организација (СЗО), за едно возило на 50.000 жители. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Со јавната, транспарентна и отворена опостапка направивме огромна заштеда во целокупниот буџет од 500.000 евра заштедивме дури 200.000 евра. Тие ќе ги искористиме за некоја друга намена – за набавка на рендген цевки, нешто што се изнуди како итност во овие последни денови кога неколку градови низ државата останаа без апарат за компјутерска томографија“, рече Филипче.

Тој информира дека работат на развивање модел за едукација на докторите кои работат во Брза помош со една едукативна институција од Израел. Целиот проект е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и се очекува до крајот на годината процесот на тренинг со имплементација на нови методи, кои ги нема во нашата земја, ќе бидат имплементирани. Докторите кои работат во итната помош ќе пружат и дополнителен, поинаков вид на услуга на самото место со што, како што рече, ќе се скрати времето на транспорт и значајно може да се намали степенот на последици кои настанува за време на транспортот на овие итни случаи.

Филипче информира дека за истото ниво на здравствена заштита разговарале и со претставници на Светска банка.

„Во различни региони се соочуваме со различни предизвици, некаде нема доктори, бидејќи се блиску до пензија или веќе се пензионирани, а во источна Македонија без примарни доктори“, рече Филипче.

Министерот за здравство најави дека заедно со Светска банка ќе работат на имплементација на модел кој значајно ќе го зајакне ова ниво на здравствена заштита.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека одвоиле дополнителна сума средства преку ФЗОМ за вработување на 40 доктори во Здравствениот дом во Скопје кои ќе бидат распределени таму каде што се најпотребни, а тоа е Итна помош. Со ова исто така бројот на тимови се зголемува.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе