Министерот за здравство Венко Филипче гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на Телма. Тој уште еднаш апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.
„Сите имаме многу голема одговорност, сите граѓани - мерките ако не се почитуваат нема да имаат никаков ефект“, потенцираше тој.
„Имаме работа со болест којашто во некои случаи, а не знаеме кои, дава многу тешка форма кај пациентите“, вели министерот.