ФФМ не собра храброст - Милевски останува селектор

Филип Здравески
/ 15.08.2023 / 17:15

Управниот одбор на ФФМ на денешниот состанок со селекторот Благоја Милевски одлучи да не прави промени на селекторското столче, што значи дека Милевски ќе ги доврши квалификациите на кои поради бојкот нема да игра капитенот Стефан Ристовски.

Фото: ФФМ

Ова е епилогот од денешниот состанок помеѓу УО на ФФМ и Милевски. Тој има договор до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2024, кој за Македонија завршува на 20 ноември годинава. Со оглед на тоа Милевски не си поднесе оставка ниту по бламажата во Манчестер и оној пораз од 7:0, доколку ФФМ го отпушти ќе треба и да му плати отштета за предвремениот раскин на договорот.

ФФМ тоа не го наведе во своето објаснување зошто нема промена на селекторското столче, туку се правдаше дека следувале натпревари и договорот сепак наскоро му истекувал.

„Управниот одбор на ФФМ го почитува начелото 'на стара слава не се живее'. Незадоволство од постигнатите резултати е впечатокот кои го делат и членовите кои одлучуваат за избор на селектор на националниот тим. Меѓутоа, имајќи ги в предвид околностите во групата во која се наоѓа македонската репрезентација во квалификациите за ЕУРО 2024, распоредот на натпревари кои следуваат и релативно краткото време до завршување на договорот со актуелниот селектор, е на став Благоја Милевски да продолжи со работа во националниот тим. Договорот на селекторот трае до ноември 2023 година“, соопштија од ФФМ.

Ова значи дека Македонија на преостанатите пет квалификациски натпревари (и евентуална пријателска во октомври) ќе игра без капитенот Стефан Ристовски кој пред некој ден јавно објави дека се повлекува од националниот тим додека Милевски седи на селекторското столче.

ФФМ најави дека сепак по истекот на договорот на Милевски ќе биде назначен друг селектор.

„Како што е убаво кога се победува, така е тешко кога се губи. ФФМ во следниот период ќе го даде најдоброто решение за репрезентацијата“, додава ФФМ.

Македонија до крајот на евроквалификациите игра со Италија (дома), Малта (гости), Украина (гости), Италија (гости) и Англија (дома).

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе