Ferrari го претстави спектакуларниот болид – дали ќе ја прекине доминацијата на Mercedes?

Екипата на Ferrari синоќа го претстави болидот што ќе го користи во следната сезона на Формула 1 и со кој ќе се обиде да ја прекине доминацијата на ривалот Mercedes.

Ferrari во одлична атмосфера го претстави болидот SF1000 кој следната сезона ќе го возат Себастијан Фетел и Шарл Леклер, а Германецот веднаш изјави дека одвај чека да почне сезоната.

„Многу ми се допаѓа новиот болид и одвај чекам да седнам во него. Не можам да ветам ништо за следната сезона и не знам што ќе се случи, ама знам колку луѓе работеа на овој болид“, рече Фетел.

Од друга страна, Леклер рече дека во следната сезона ќе биде подобар возач.

„Дадов сѐ од себе во првата сезона, а сега напорно работевме за да го направиме најдобриот болид. Сакам следната сезона да бидам подобар возач“, изјави 22-годишниот Ф1 возач од Монако.