Феномен од кој застанува здивот: Огнениот водопад е сон на секој фотограф

Националниот парк Јосемити во Калифорнија е познат по впечатливите пејзажи, монументалните карпи и бујните водопади.

Но оваа недела, посетителите на паркот се таму за една ретка и спектакуларна глетка – еден мал водопад кој кога ќе се појави на зајдисонце изгледа како да е од оган.

Секоја година во февруари, илјадници луѓе доаѓаат да го видат овој феномен, водопадот Хорстејл Фол, како „пламти“ на источната страна на Ел Капитан.

Незаборавна глетка

Фотографот Арон Мејер живо се сеќава на првиот пат кога го видел огнениот водопад, таа спектакуларна глетка кога февруарското зајдисонце го обојува малиот водопад.

„Облаците се растераа баш пред зајдисонце и изгледаше како некој да го потпалил водопадот со ќибритче и тој пламна од горе до долу“, раскажува тој за неговата прва посета во 2011 година.

„Сите почнавме да се радуваме, да викаме и да ракоплескаме... тоа беше најчудесното нешто што сум го видел во животот.“

Тогаш, фотографирањето на природен феномен било чиста среќа. Појавата на „огнопадот“, како што го нарекуваат, бара да бидат задоволени неколку услови: доволно влажност за да потече водопадот, јасно небо за да продре светлината и вистинскиот агол за да може зајдисонцето да се огледа во водопадот висок 480 метри.

По оваа посета, Мејерс, кој е дипломиран инженер, направил компјутерска програма што може да пресмета кои денови ќе бидат најдобри аголот и временските услови за набљудување на феноменот. Потоа ги објавил неговите препораки на неговиот блог.

Неколку години се чинело дека никој не го забележал неговиот труд, сѐ до 2015 година, кога видел дека некој испечатил примерок од неговиот план за набљудување од блогот.

Благодарение на дигиталната опрема за фотографирање и на социјалните мрежи, огнопадот во паркот Јосемити стана вирална атракција и секоја година има сѐ повеќе и повеќе љубопитни набљудувачи, од кои повеќето се аматерски и професионални фотографи.

Популарноста може да му наштети на паркот

Пол Рајфер, фотограф од Велика Британија, вели дека популарноста на огнениот водопад сега за него е причина да не оди таму. Тој дури и рече дека последниот пат кога бил, му се чинело дека е на концерт на отворено, а не на набљудување природен феномен.

Тој исто така предупредува дека толпите луѓе и поставувањето опрема за фотографирање прави штета на природата, најмногу преку еродирање на почвата.

„Огнопадот можеби ќе стане жртва на сопствениот успех“, вели тој.

Токму затоа, управата на паркот ќе го ограничи просторот за набљудување на феноменот, како и начинот на кој ќе може да се стигне дотаму. Фотографите ќе треба да пешачат околу 2 километри до местото каде ќе смеат да ја постават опремата, што според некои фотографи е премногу строго.

Иронично е, но климатските промени можно е да придонесат за второ појавување на огнениот водопад – кон крајот на октомври. Тогаш обично нема вода, но ако влажноста се зголеми во овој период, другите услови се задоволени за појава и набљудување на огнопадот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Чек дис аут

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more
 

Магазин

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Читај повеќе