Фудбал

Фатих Терим објави дека е позитивен на Covid-19

24. март 2020 - 14:15 | Ф.З.

Тренерот на Галатасарај и поранешен селектор на Турција сам објави дека синоќа добил позитивен резултат од тестирањето на коронавирусот.

Фатих Терим преку својот Twitter профил ја извести јавноста дека е заразен со коронавирусот.

„Според резултатите од тестот кој го направив денес, позитивен сум на коронавирусот. Во добри раце сум во болница. Не грижете се. Ќе ве известам најбрзо што кожам“, напиша Терим.

Терим им 66 години и се наоѓа во ризичната група на граѓани. Тој е еден од најуспешните турски тренери и прв кој освои европска титула кога во 2000 година со Галатасарај триумфираше во УЕФА Купот. Има 8 титули во турската Суперлиг, 3 во Турскиот куп и 5 во Суперкупот, сите со Галата.

Како селектор на Турција ја однесе репрезентацијата на првиот историски пласман на ЕУРО 1996, на ЕУРО 2008 стигна до полуфиналето, а беше дел и од ЕУРО 2016.

Ги тренираше и Фиорентина, Милан, Ѓозтепе и Анкараѓуџу, а на почетокот од 90-тите беше и селектор на У21 репрезентацијата на Турција.

Во Турција има 1.529 регистрирани случаи од кои 37 досега починаа.