Филм & ТВ

Факти за „Joker“ што го прават филмот уште поинтересен

13. октомври 2019 - 18:48 | А.С.

Откако пред една недела почна да се прикажува во кината ширум светот, филмот „Joker“ со Жоакин Феникс во главната улога на Џокерот, е главна тема на разговор за филмските критичари и обожаватели.

Мислењата на публиката и критиката се главно позитивни, иако има некои кои сметаат дека филмот е премногу насилен и ги глорифицира насилството и психичките проблеми.

Без разлика дали сте го гледале или не, и дали ви се допадна или не, овие интересни факти за филмот на кој му се предвидува Оскар сигурно ќе го задржат вашето внимание.

#1 Жоакин Феникс го создал смеењето на Џокерот проучувајќи видеа со луѓе кои боледуваат од патолошко смеење

#2 За улогата на Џокерот, Феникс почнал строг режим на исхрана и ослабел 23,6 килограми

#3 Пред да почнат со снимање, режисерот Тод Филипс му рекол на Феникс дека го замислува смеењето на Џокерот „како нешто што е речиси болно“

#4 Сцената со танцувањето во вецето била импровизација на лице место од страна на Феникс

#5 Филмот доби осум минути овации на премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција

#6 Ликот на Артур Флек, кој ќе стане Џокерот, бил направен специјално за Жоакин Феникс

#7 Роберт де Ниро е омилениот американски актер на Феникс, но двајцата многу малку комуницирале за време на снимањето

#8 Pornhub откри дека имало 741.000 пребарувања за содржини „Joker“ на популарниот порнографски сајт откако филмот почна да се прикажува во кината во почетокот на месецов.