Facebook избриша 1,5 милијарди лажни профили во само шест месеци

Сан Франциско, 16 ноември 2018 (МИА) – Facebook беше предмет на многу критики во последниве месеци, главно поврзани со начинот на чување на личните податоци на корисниците.

Компанијата беше хакирана неколку пати од почетокот на годината и е дел од големи истраги од страна на регулаторите на ЕУ.

Но, ова не се нејзините единствени проблеми, бидејќи социјалната мрежа се обидува да се бори и против лажните вести и дистрибуцијата на навредливи содржини на профилите.

За да се спротивстави на ваквите практики, Facebook користи специјални алгоритми и голем тим од луѓе кои ги следат и блокираат сметките кои ги кршат правилата на платформата. Врз основа на овие правила помеѓу април и септември 2018 година, Facebook избриша 1,5 милијарди лажни профили.

Ова е значително зголемување во однос на истиот период минатата година, објави NextWeb.

Во вториот квартал се избришани 800 милиони кориснички сметки, а во третиот се блокирани уште 754 милиони. Во периодот јануари- март годинава биле избришани 534 милиони профили.

Ваквите практики го подобруваат квалитетот на содржината и успешно го запираат ширењето на спамови на социјалната мрежа.

„Facebook ќе продолжи да биде доста агресивен во решавањето на овој проблем“, тврдат извори во компанијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе