УЕФА ЕУРО 2020

ЕУРО оценки: Како се покажаа сите 24 репрезентации?

Разочарувања и изненадувања, подеми и падови, Секоја од 24-те земји-учеснички на свој начин го одигра ова 16-то Европско првенство, а по крајот наше е да го оцениме настапот на сите.

Турција - 4: Веројатно најголемото разочарување на ова Европско првенство е репрезентацијата на Турција. Гледајќи го составот, нема кој не ги виде како ја минуваат групата. Наместо тоа, загубија трипати, а едвај постигнаа еден единствен гол.

Велс - 5,5: Не го повторија чудото од претходниот континентален собир кога стигнаа до полуфиналето. Кога Бејл не е во форма, доаѓаат проблемите. Ја минаа групата, но веднаш потоа беа испратени дома од Данска.

Швајцарија - 7,5: Килаво ја минаа групата, но потоа направија големо изненадување исфрлајќи го светскиот шампион Франција и тоа со пресврт. На Џердан Шаќири и дружината не им појде од рака истото против Шпанија, но излегоа со кренати глави.

Русија - 4: Оставија впечаток на многу нежен тим. Една победа против дебитантот Финска е никаков успех.

Финска - 5,5: На својот дебитантски настап успеаја да победат против Данска во оној драматичен натпревар со Кристијан Ериксен. Потоа издишаа, но од дебитантите никој и не бараше повеќе.

Македонија - 5,5: За нив да се биде на ЕУРО веќе беше голема победа. Се вратија дома без бодови, но Горан Пандев уште еднаш покажа дека е голем лидер.

Украина - 6: Ја минаа групата со само 3 бода, а потоа во една волшебна ноќ ја минаа Шведска за потоа четвртфиналето со Англија да се покаже како преголем залак.

Шкотска 5,5: Конечно се вратија на едно големо натпреварување. Освоија само еден бол, но не било каков туку на „Вембли“ против лутиот ривал Англија, натпревар кој и заслужија да го добијат. За шкотските навивачи ова реми беше како победа, а мора да се признае и дека имаа тешка група.

Чешка - 6,5: Ја минаа групата, ја пратија дома Холандија и на крајот беа елиминирани во еден одличен натпревар со Данска. Патрик Шик со 5 гола беше рамо до рамо со најдобриот стрелец на турнирот, а неговиот гол од пола терен против Шкотска на крајот ја доби наградата за најдобар гол.

Полска - 4: Левандовски сам не може да прави чуда. Полска не е тим за последно место во групата. Разочарувањето е уште поголемо кога ќе се види дека со Шпанија ги поделија бодивите, а загубија од другите.

Хрватска - 6: Се предадоа само против Англија и Шпанија. Модриќ покажа дека сѐ уште е на врвот, а нивниот дуел против „Црвената фурија“ останува како веројатно највозбудливиот на првенството.

Шведска - 5,5: Го освоија првото место во групата на сметка на Шпанија, но потоа успеаја да испадна од Украина од готово правејќи вересија.

Унгарија 6: Во групата на смртта испаднаа како последни, но излегоа со главите кренати највисоко што може. Водеа и против Франција и против Германија со кои на крајот освоија по бод, а единствено загубија од Португалија со голови во последните десетина минути.

Словачка 5,5: Топло-ладно. Загубија машки од Шведска, ја победија Полска, доживеаја дебакл од Шпанија.

Австрија 7: Прв пат во својата историја победија натпревар на ЕУРО и воедно ја минаа групата, а потоа ја натераа Италија да игра продолженија рушејќи ѝ ја серијата без примен гол.

Португалија - 6: Нормално, неговото височество Кристијано Роналдо продолжи со головите и стана најдобар стрелец. Бранителот на тронот заглави против моќната Белгија и се врати дома уште во осминафиналето.

Белгија - 4,5: Од Белгијците многу се очекуваше на ова ЕУРО, можеби конечно едно финале. Лукаку си ја заврши работата, но изостана онаа препознатлива убава игра која ја негуваше селекторот Мартинес.

Холандија - 4: Веднаш после елиминацијата селекторот Франк де Бур си поднесе оставка. Тоа доволно кажува каков настап имаше „Оранје“.

Германија - 4: Имаа таква среќа освен да играат во групата на смртта туку и веднаш потоа да налетаат на Англија. Прикажаа една „дупната“ одбрана, нетипично за „ди Маншафт“.

Данска - 8: Стравот за живот на Кристијан Ериксен се претвори во мотив за Данците кои откако се освестија почнаа да играат турбо и дојдоа до полуфиналето каде заминаа во продолженија и испаднаа поради подарен пенал. Не го повторија летото од 1992, но постигнаа сличен успех.

Франција - 3: Избраниците на Дешан почнаа силно со победата над Германија, но потоа полека им гаснеа моторите. Нерешено со Унгарија, нерешено со Португалија и нерешено со Швајцарија (со прокоцкано водство од 3:1) која ги исфрли на пенали. Мбапе разочара, како и светскиот шампион.

Шпанија - 7,5: И покрај сите проблеми и купот нови момци, Шпанија за многумина го играше најубавиот фудбал. Луис Енрике повторно покажа дека е добар стратег, ги собра аплаузите излегувајќи на пенали од Италија во полуфиналето.

Англија - 8: Гледајќи низ очите на англиските навивачи, разочарувањето е огромно, гледајќи од страна имаа многу лесен пат до финалето. Останува фактот дека беа убедени во пехарот, а загубија на пенали на својот „Вембли“. Имаат тим кој ветува светла иднина.

Италија - 10: Највисоката можна оцекна за „Аѕурите“ бидејќи тоа и го заслужија. Најголеми пофалби за Роберто Манчини кој го препороди тимот кој не успеа да се квалификуна на Мундијалот во 2018. Италијанците играат налик на тики-таката на шампионската генерација на Шпанија и ги освоија симпатиите на многумина. 

Тагови
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе