ЕУ ги одобри мерките за најранливите групи на населението

Брисел, 8 април 2020 (МИА) – ЕУ попладнево ги одобри законските измени за ублажување на последиците од здравствената криза кај најранливите групи на населението, јави дописничката на МИА од Брисел.

Станува збор за амандмани на регулативата за Фондот за помош на најранливите категории.

ЕУ денеска на амбасадорско ниво даде зелено светло за измените.

Целта е да се олесни пристапот до овој фонд за земјите членки, како и за организациите. Околу 13 милиони граѓани во ЕУ добиваат некаков вид помош благодарение на овој фонд.

-Епидемијата со COVID-19 е огромен предизвик за нашите напори да им помогнеме на најранливите граѓани. Измените договорени денеска ќе им дадат пристап на земјите членки за поголема стапка на ко-финансирање од ЕУ буџетот и ќе овозможи да се финансира провизија на заштитна опрема за најранливите како и за оние кои ја делат помошта, соопшти Весна Бедековиќ, хрватската министерка за демографија и социјална политика.

Фондот за најранливите на ЕУ е создаден во 2014 година како алатка за справување со екстремна сиромаштија во Унијата и бездомништво. Критериумите за тоа кој припаѓа на категоријата најранливи ги дефинираат земјите членки и партнерските организации.

Фондот располага со 2,5 милијарди евра за периодот 2014-2020.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе