Етичка дилема: Научници ќе одгледуваат свињи за трансплантација на срце на луѓе

Германски научници планираат да клонираат и одгледуваат генетски модифицирани свињи за да служат како донатори на срце на луѓе, беше објавено еден месец откако американски експерти го трансплантираа првото модифицирано свинско срце на човек.

Екхард Волф, научник од Универзитетот Лудвиг-Максимилијан (LMU) во Минхен, рече дека целта на неговиот тим е новиот вид, модифициран од расата Окленд, да биде подготвен за експериментални трансплантации до 2025 година.

Во првата операција од ваков вид, тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд минатиот месец пресади свинско срце со десет модификации, на смртно болен човек. Неговите лекари велат дека добро реагира иако постои ризик од инфекција, отфрлање на органот или висок крвен притисок.

„Нашиот план е да продолжиме со поедноставен модел, со пет генетски модификации“, рече Волф, чија работа предизвика жестока дебата во земјата со една од најниските стапки на донирање органи во Европа и силно движење за правата на животните.

Долгогодишни истражувања

Волф го истражува трансплантирањето органи од животно на човек – познато како ксенотрансплантација - веќе 20 години. Тој рече дека неговиот тим ќе користи технологија за клонирање за да создаде само „животни зачетоци“, од кои ќе се одгледуваат идни генетски идентични генерации.

Првата таква генерација треба да се роди оваа година, а нивните срца ќе бидат тестирани на павијани пред тимот да побара одобрение за клиничко испитување на луѓе за две или три години, рече Волф.

Трансплантации ќе се користат за луѓе на кои им е дијагностицирана инсуфициенција на органи и немаат други опции за третман, а на листата на чекање во Германија на крајот на 2021 година имало околу 8.500 луѓе, според тамошната фондација за трансплантација на органи.

Етички многу сомнително

Поддржувачите на Вулф велат дека донаторите на животни би можеле да помогнат да се скрати листата на чекање, но противниците велат дека технологијата ги задира правата на животните, деградирајќи ги свињите до нивоа на фабрики за органи, додека мајмуните користени во експериментите за трансплантација умираат во агонија.

Во февруари 2019 година, петицијата на германската група „Лекари против експерименти со животни“ со која се бара забрана за истражување на ксенотрансплантација собра повеќе од 57.000 потписи.

Кристина Берхтолд, портпаролка на минхенскиот огранок на Германското здружение за заштита на животните, го нарече таквото спроведување „етички многу сомнително“.

„Животните не треба да служат како резервни делови за луѓето“, рече таа. Домашни миленици, фарма, клонирани или природно родени животни, сите тие имаат исти потреби, стравови и права“.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе