КОНКУРЕНЦИЈАТА РАСТЕ

Ердоган лично го тестираше и го одобри: Што нуди првиот турски електричен автомобил?

Европскиот автомобилски пазар се збогатува за уште еден конкурентен бренд и тоа од Турција.

Минатата недела гордо беше претставен првиот модерен турски автомобилски бренд TOGG кој планира да внесе сериозна конкуренција на пазарот.

Автомобилот, од кој беа претставени два прототип модела – лимузина и електричен SUV – беше тестиран и промовиран од претседателот Реџеп Тајип Ердоган лично.

„Денеска е историски ден, исполнување на сонот кој го чекавме повеќе од 60 години. Нашиот сон да имаме автомобил што користи домашна технологија, го направиле наши инженери и дизајнери, конечно е остварен“, рече гордо Ердоган и вети дека ќе биде првиот купец на новиот автомобил.

Но, она што беше повеќе од очигледно е дека во поглед на дизајнот, е дека автомобилот во голема мера се темели на SUV моделот K350 од 2018 година на италијанската компанија Pininfarina.

Се очекува на пазарот прво да стигне електричниот SUV TOGG кој ќе биде достапен во две изведби. Верзијата со погон на задните тркала развива 200 коњски сили, а помоќната 4x4 верзија располага со 400 коњски сили.

Литиум-јонската батерија овозможува автономија од 300, односно 500 километри, а за 30 минути брзо полнење батеријата достигнува 80% од капацитетот.

Послабата верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди, а на помоќната се очекува дека ќе ѝ требаат 4,8 секунди да стигне од нула до стотка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе