Музика

Енрике Иглесијас и Рики Мартин најавија заедничка турнеја

5. март 2020 - 15:19 | Ф.З.

Двајцата најпопуларни латино пејачи најавија заедничка турнеја која ќе се одржи во септември и октомври годинава.

Рики Мартин на својот ФБ профил напиша: „Многу сум возбуден што можам да ви ја најавам мојата турнеја со Енрике Иглесијас и Себастијан Јантра. #EnriqueRickyTour Предпродажбата на картите почнува на 12 март“.

Двомесечната турнеја ќе се реализира во 21 град во САД и Канада. Ќе започне на 5 септември во Феникс, а ќе заврши со концертот на 30 октомври во Атланта. Покрај двајцата великани на латино музика, ќе ги придружува и колумбискиот пејач Себастијан Јантра, познат по хитот „Robarte un Beso“.

Распоред на турнејата:
5 септември - Феникс, Аризона (САД)
6 септември - Ел Пасо, Тексас (САД)
9 септември - Единбург, Тексас (САД)
11 септември - Сан Антонио, Тексас (САД)
12 септември - Хјустон, Тексас (САД)
13 септември - Далас, Тексас (САД)
17 септември - Лос Анџелес, Калифорнија (САД)
22 септември - Сан Хозе, Калифорнија (САД)
24 септември - Сакраменто, Калифорнија (САД)
26 септември - Лас Вегас, Невада (САД)

1 октомври - Чикаго, Илиноис (САД)
6 октомври - Бостон, Масачусец (САД)
8 октомври - Торонто, Онтарио (Канада)
10 октомври - Монтреал, Квебек (Канада)
14 октомври - Филаделфија, Пенсилванија (САД)
15 октомври - Вашингтон (САД)
17 октомври - Њуарк, Њу Џерси (САД)
18 октомври - Њујорк, Њујорк (САД)
23 октомври - Мајами, Флорида (САД)
29 октомври - Орландо, Флорида (САД)
30 октомври - Атланта, Џорџија (САД)