Мода & Стил

Емили Рајтаковски нападна моден магазин бидејќи и ги намалил градите на Фотошоп

21. септември 2017 - 19:40 | М.Д.

Една од најпознатите светски манекенки Емили Рајтаковски многу пати досега се соочуваше со проблеми поради големината на своите гради, кои не се вклопуваат во идеалните пропорции за снимање и ревии.

Емили на Инстаграм често зборуваше за тој проблем, а неодамна го нападна магазинот Madame Figaro, поради тоа што извршиле корекција на нејзините гради и уста, со помош на Фотошоп.

„Многу сум разочарана што ги гледам сопствените гради и уста корегирани на оваа насловна фотографија. Се надевам дека модната индустрија во иднина ќе престане да ги гуши работите кои не прават единствени и наместо тоа ќе започне да ја цени индивидуалноста“, напиша на Инстаграм популарната Емили.