Електричните автомобили на Tesla загадуваат исто како и моделите со класични мотори?

Електричните автомобили од компанијата Tesla се продаваат како најзелени возила, меѓутоа, како што тврдат енергетски аналитичари и овие автомобили произведуваат исто ниво на стакленички гасови како и оние од бензинот и дизелот.

Како што пренесува „The Sunday Times“, енергетски аналитичари пресметале колку стакленички гасови се испуштаат при работата на овие луксузни автомобили. Овие податоци, потоа,  ги споредиле со емисијата на гасови која ја испуштаат автомобилите кои се движат со помош на мотори со внатрешно согорување.

Џонатан Харис, од лондонската компанија Engaged Tracking, која се занимава со анализа на процентот на штетни гасови кои се испуштаат од автомобилите, изјави дека автомобилите на Tesla не загадуваат ништо помалку од просечните возила во Велика Британија.

„Просечната годишна емисија на штетни гасови од автомобилите во Велика Британија изнесува 1,5 тони CO2. Model S на Tesla, кој беше предмет на нашата анализа, има иста емисија од 1,5 тони CO2 на годишно ниво“, вели Харис.

Слична ситуација е и со другите електрични автомобили.

Сепак, автомобилите на Tesla се полоши во однос на останатите електрични автомобили, бидејќи станува збор за поголеми модели, сметаат поединечни аналитичари.

„Помалите електрични автомобили, како што е на пример моделот BMW i3 кој има годишна емисија од 1,3 тони  C02, има помала емисија на стакленички гасови од Model S на Tesla“, вели Харис.

Од Tesla пак, велат дека анализата на компанијата  Engaged Tracking не може да се смета за правилна, бидејќи Model S е многу поголем од просечните автомобили во Велика Британија, па со самото тоа му е потребно и повеќе енергија.

„Ако Model S се споредува со еднакво големи лимузини, тогаш заклучокот ќе биде дека тие испуштаат 300 отсто повеќе шетни гасови“, стои во соопштението на Tesla.

За потсетување, сличен заклучок како и експертите од Engaged Tracking донесоа и американски аналитичари, но тоа истражување повеќе се однесуваше за кинескиот пазар и тамошните електрични автомобили.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more
 

Автомобили

  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе