Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција

Атина, 22 јануари 2020 (МИА) Со широко мнозинство, со поддршка од три партии, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, Екатерини Сакеларопулу денеска е избрана за прва жена претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници. Од нив, 261 пратеник го поддржаа предлогот на владата, Сакеларопулу да биде нов претседател на државата.

Пратениците гласаа со прозивање и имаа избор или да го кажат името на Сакеларопулу што значи глас „за“ или да кажат „присутен“ што е еднакво на глас „против“.

Позитивно гласаа пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење на промена, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од МЕРА25, Комунистичката партија на Грција и Грчко решение.

Отсутни од гласањето беа шестмина пратеници. Меѓу нив беше поранешниот грчки премиер од Нова демократија Андонис Самарас, кој е во САД, пратеникот Трифонас Алексиадис од СИРИЗА кој има здравствени проблеми, како и двајца пратеници на кои на пат кон Парламентот им се расипале автомобилите и не стигнаа на време за гласањето.

Соопштувањето на резултатите од Претседатеот на Парламентот беше проследено со аплауз од присутните пратеници.

-Согласно соопштените резултати се констатира дека согласно член 32 параграф 3 од Уставот, претседател на државата се избира госпоѓа Екатерини Сакеларопулу. Нејзината кандидатура, не само што собра, туку и го надмина зголеменото двотретинското мнозинство на вкупниот број на пратеници. Дами и господа колеги, барам одобрение од Парламентот, во име на Парламентот да се посети избраната претседателка на државата за да ѝ се соопштат резултатите од гласањето и нејзиниот избор. Парламентот одобри, рече претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, соопштувајќи ги резултатите од гласањето.

Во 13:30 часот по локално време, Тасулас ќе го посети Советот на државата, највисокото судско тело во Грција, каде што Сакеларопулу е претседателка, да ѝ соопшти дека е избрана за претседател на Грција.

Сакеларопулу ќе биде осми претседател на Грција, а на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе