Фит

Едноставно решение за воспаление на мускули

20. декември 2019 - 15:35 | М.С.

Воспалението на мускулите најчесто се поврзува со вежбањето, но може да се случи и од многу други причини.

Но, без разлика која и да е причината, станува збор за реакцијата на телото на физичката активност на која не е навикнато, а може да се појави во било кој дел од телото. 

Иако е непријатна, оваа болка поминува релативно брзо и постојат многу начини како да ја ублажите.

Еден од нив да пиете сок од вишни.

Сокот од вишни има антиоксидантни дејства кои ги подобруваат мускулните функции, го забрзуваат зацелувањето и ги намалуваат болките во мускулите.

Сето ова го потврдија и американските истражувачи кои во склоп со истражувањето го надгледуваа тимот од 54 спортисти кои учествуваа во трката Оregon’s hood to coast relay, а резултатите од студијата ги објавија во списанието Јournal of the International society of sports nutrition.

Се покажа дека оние коишто една недела пред натпреварот секојдневно консумирале по две чаши од овој сок имале болки во мускулите, но со помал интензитет.