Една четвртина од светското население е во некаква форма на карантин

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 488.055 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 22.049, а оздравеле 117.603 лица.

Здравствени системи на неколку земји се на раб на колапс додека пандемијата со Covid-19 продолжува да се забрзува. Како мерка на претпазливост и заштита повеќе од 1,8 милијарди луѓе ширум светот се во некаква форма на карантин, најчесто домашна изолација.

Пандемијата се „забрзува“, но нејзиниот тек може да се измени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги државите да „напаѓаат“ со тестирање на сите случаи и со карантин за сите оние кои биле во близок контакт со нив .