Еден починат и 66 новозаболени од COVID-19

Во изминатите 24 часа потврдени се 66 нови случаи на COVID-19 со што во земјава има вкупно 974 дијагностицирани пациенти. Едно лице почина, а регистрирани се 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови. Тие по два контролни теста се негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

-За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажа присуство на COVID-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на COVID-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се потврдени  66 нови случаи на COVID-19. По градови, согласно новото коригирано соопштение на МЗ, а по завршената епидемиолошка анализа од страна на ИЈЗ, две лица позитивни на COVID-19, евидентирани во денешниот извештај во Охрид, е утврдено дека се жители на Струга, но се тестирани преку пунктот во Охрид. Согласно тоа, дистрибуцијата на случаи по градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува  974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип-31, Прилеп –89, Тетово – 43, Струга – 49, Велес – 36, Битола –9, Охрид –7, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2, Кичево – 1 и Неготино -2.

Во изминатото деноноќие направени се 500  теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен факултет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и шест на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ примени се шест нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се шест пациенти, а осум пациенти се со потешка клиничка слика.

Во Битолската болница, до утрово се хоспитализрани пет пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај три од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат осум пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно осум пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе