Еден од најскапите болиди стана дел од полициските сили на Абу Даби

Lykan Hypersport пристигна во Абу Даби уште во 2015 година, но дури сега доби службени ознаки и стана една од технолошки најопремените полициски единици во земјата. Со тоа стана и еден од најскапите полициски автомобили на сите времиња.

Автомобилот е произведен во 7 примероци, а цената за еден примерок е 3,4 милиони долари. Него го наследи уште посилен болид, Fenyr SuperSport, кој достигнува 100 километри на час за 2,7 секунди. Максималната брзина е 395 километри на час, а ќе биде произведен во 100 примероци.