Ѕверче на три тркала - 2020 Polaris Slingshot

Polaris Slingshot е едно од најчудните возила кои се појавија и станаа популарни во изминативе години.

Возило на три тркала можеби не е вашиот прв избор, но со новите подобрувања под хаубата, Polaris ви дава повеќе од една причина да размислите два пати.

Polaris Slingshot доби нов 2.0-литарски четирицилиндарски мотор кој освен што развива брзина до 300 км/ч, е многу потивок од претходниот, што е многу важно, со оглед на тоа дека возилото без покрив.

Почетната цена за 2020 Slingshot е 26.499, а повеќе за овој модел погледнете во видеото.