Филм & ТВ

Џенифер Анистон е Икона на 2019 година

11. ноември 2019 - 11:21 | А.С.

На синоќешното доделување на наградите People's Choice 2019 во Лос Анџелес најсилно блесна ѕвездата Џенифер Анистон.

Акерката која се прослави со улогата на Рејчел Грин во популарната ТВ-серија „Friends“ на NBC, синоќа беше прогласена за Икона на 2019 година.

Анистон (50) емотивно ја прими наградата, потсетувајќи се на најдобрите моменти во кариерата, и се заблагодари на сите фанови за поддршката низ годините.

Адам Сендлер, со кој Џен играше во филмот „Murder Mystery“ на Netflix, ѝ ја додели статуетката и рече дека е „неверојатен добар пример за младите и личност со големо срце“.

Анистон е втора добитничка на наградата Икона во историјата на People's Choice Awards – категоријата беше воведена лани и прва добитничка беше актерката Мелиса Мекерти.

Меѓу позначајните улоги на Анистон се во филмовите „Office Space“, „Along Came Polly“, „Bruce Almighty“, „Marley & Me“, „Horrible Bosses“, „We're the Millers“ и „Cake“.

Добитничка е на седум награди People's Choice, како и Златен глобус и Еми.