Музика

Џеј Ло и Шакира ќе настапат на полувремето на Супербоул 2020

27. септември 2019 - 9:28 | А.С.

Популарните музички поп ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира ќе настапат на полувремето на Супербоул 2020, објави BBC.

НФЛ потврди дека двете латино ѕвезди ќе настапат на 2 февруари на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а за продукцијата ќе биде задолжена компанијата Roc Nation што ја основа раперот и бизнисмен Џеј Зи Картер.

И двете пејачки имаат низа хитови на англиски и на шпански јазик со кои владееле на светските топ листи од 90-тите наваму.

Шакира е колумбиска пејачка која се вбројува меѓу најуспешните латиноамерикански музичарки и добитничка е на Греми награди. Најголе успех постигна во 2008 година со хитот „Hips Don’t Lie“.

Џеј Ло е пејачка и актерка, позната по хитот „Love Don't Cost a Thing“, а моментално е актуелна со улогата во успешниот трилер „Hustlers“ за која ѝ предвидуваат номинација за Оскар.