Скопје, 21 април 2019 (МИА) – На 20 април 2019 година во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.Л.(24) и Р.Р.Г.(27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов“.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека заскитале и ја прескокнале оградата.
Се работи на расчистување на случајот.