Здравје

Држете растојание, некои луѓе може да се преносители на болеста, а не се свесни за тоа

25. март 2020 - 10:26 | А.С.

Министерството за здравство преку социјалните мрежи потсети зошто е важно да држите растојание од другите луѓе кога сте надвор од домот.

Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе.

На овој начин го спречувате ширењето на коронавирусот и спасувате животи.

Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа.

Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус.