Држава која не постои: Волшебната европска земја за која малкумина знаат

За оваа земја измеѓу Кавказ и Црното Море малкумина имаат слушнато, а меѓу нив се и оние постарите. Причината е што оваа држава не може да се најде на ниту една карта - бидејќи ја нема.

Некогашната автономна советска социјалистичка република во рамките на границите на Грузија, по име Абхазија, прогласи независност во 1993 година. Ја признаа Русија, Никарагва, Венецуела, Науру, Јужна Осетија и Приднестровие, последниве две непризнати како и неа.

Меѓународните организации како ОН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, поголемиот дел на Европа како и речиси сите суверени држави во светот, ја признаваат Абхазија како дел на Грузија.

Фотографија на Сухуми од 1912 година, една од првите во боја

Главен град на Абхазија е Аква, во превод едноставно - вода, но Русите го викаат Сухум, додека Грузијците Сухуми, приморски град сместен на источниот брег на Црното Море. За време на поранешниот СССР Абхазија била омилено летувалиште и одморалиште на вљубениците во преубавата природа, а Сухими исто така бил задолжителна станица. Остатоци од римски градби, тврдини и дворци, потоа Беслетскиот мост од 12 век и ботаничката градина со над 5 илјади видови од 1840 година, се само некои од атракциите на овој град.

Градот Гагра

Околу 70 километри од Сухуми се наоѓа планинското езеро Рица. Освен тоа што е само по себе глетка за паметење, и самата вожња до него преку Кавказот е прав спектакл. Цело време се поминува низ густа шума, а покрај водопадите туристите доаѓаат со автомобили или автобуси сѐ до 950 метри надморска височина каде се наоѓа езерото, опколено со планини високи и до 3.500 метри. Таму и Јосиф Сталин имал еден од своите езерски летниковци.

Езерото Рица
Еден од попатните водопади
Гагра
Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Живот

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more
 

Магазин

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе