Друштвото на писатели на Македонија објави повик за прием на нови членови

Друштвото на писателите на Македонија во текот на март ќе прима апликации за членство. Пристигнатите ќе ги разгледува Претседателството на ДПМ на редовна седница во април и по пат на гласање ќе ги избере кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор.

-Пожелно е апликантите да се творци на дела со забележлив критички одглас во јавноста и да се личности кои се посветени на развојот и афирмацијата на литературата во современото општество. Особено се поттикнуваат помладите автори на возраст до 35 години, како и книжевните творци кои пишуваат на јазиците на националностите, соопшти ДПМ, додавајќи дека основни критериуми  ќе бидат уметничките квалитети на понудените авторски дела и степенот на нивна препознатливост и потврденост во релевантните книжевни кругови.

Апликациите за членство треба да се упатат до Претседателството на ДПМ заедно со: примероци од најмалку три и најмногу четири авторски книги (доколку имаат повеќе објавени дела); био-библиграфија во која ќе се потенцираат сите постигнати успеси на книжевен план (критички осврти и награди, застапеност во списанија, антологии и избори, учества на книжевни фестивали и други манифестации, преводи и препеви на други јазици) и две препораки од истакнати писатели.

Апликациите, книгите и останатата документација може да се достават лично или по пошта во просториите на ДПМ, на ул. „Максим Горки“ бр.18, секој работен ден од 9 до 12 часот, или да се пратат во електронска форма на адресата drustvonapisateli@gmail.com. Ќе се уважат и скенирани препораки со потписи и книги во pdf формат.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе