Крилата на црвената ветерница на врвот на Мулен руж, најпознатиот париски кабаре клуб, паднаа на земја во текот на ноќта, изјави портпаролот на клубот.
„Не знаеме што точно се случи. Крилата паднаа помеѓу 2 и 3 часот наутро. Никој не е повреден“, изјави портпаролот на клубот.
Инцидентот се случил по затворањето на клубот.
Како што пишуваат медиумите, ова е прв ваков дефект на ветерницата чиј механизам се проверува секоја недела.