Кошарка
НБА 2019/20

Дончиќ со трипл-дабл го реши Сан Антонио

27. февруари 2020 - 9:40 | Ф.З.

Словенечкото чудо заедно со Латвиецот Порзињѓис брилјираа на паркетот во Сан Антонио носејќи победа за Далас.

Уште во првата четвртина Маверикс ја направија разликата кога поведоа со 16 разлика, а до крајот успешно ја одржуваа иако во последниот дел Спарс успеаја на кратко и да поведат.

Најефикасен на натпреварот беше Кристапс Порзињѓис со 28 поени и 12 скокови, додека неговиот соиграч Лука Дончиќ забележа трипл-дабл со 26 поени, 10 скокови и 14 асистенции. Кај домаќините се истакна ДеМар ДеРозан со 27 поени.

Далас е сега седми на Западот со скор од 36-23, додека Сан Антонио е четири места подолу со 24-33.

Резултати:
Шарлот Хорнетс - Њујорк Никс 107:101
Кливленд Кавалирс - Филаделфија 76-ерс 108:94
Вашингтон Визардс - Бруклин Нетс 110:106
Атланта Хокс - Орландо Меџик 120:130
Мајами Хит - Минесота Тимбервулвс 126:129
Хјустон Рокитс - Мемфис Гризлис 140:112
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс 103:109
Феникс Санс - Лос Анџелес Клиперс 92:102
Јута Џез - Бостон Селтикс 103:114