Кошарка

Дончиќ го прифати предизвикот и жонглираше со тоалет, но падна

19. март 2020 - 12:48 | Ф.З.

Предизвикот #СедиДома стигна и до кошаркарот на Далас Маверикс кој покажа дека фудбалските способности не му се непознати, иако на крајот се лизна.

Лука Дончиќ го покажа својот талент за фудбал и тоа со тоалетна хартија, налик нашиот Илија Несторовски. Словенецот успешно го одработи предизвикот иако на крајот малку му побегна тоалетот и во обид да го фати, се лизна и падна.