НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Кошаркарите на Далас Маверикс ноќеска со победата на гости кај Лос Анџелес Клиперс од 123:93 дојдоа на чекор до пласман во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција.

Победата Маверикс ја извојуваа на крилјата на брилијантниот Лука Дончиќ, кој и покрај повредата на коленото одигра и го однесе тимот до многу важна победа за водство од 3-2 во партии, а се игра на 4 добиени натпревари.

Словенецот беше незапирлив за Клиперс и натпреварот го заврши со 35 поени, 10 асистенции и 7 скока, а остатокот од тимот рамномерно ги распредели поените. Така, Макси Клебер постигна 15, Кајри Ирвинг и Џејден Харди по 14, а Дерик Џонс и Дерек Лајвли по 12.

Кај тимот од Лос Анџелес најдобри со по 15 поени беа Ивица Зубац и Пол Џорџ, а вториот имаше и 11 скока.

Remote video URL

На видеото по натпреварот се гледа како Дончиќ едвај оди поради повредата, а само накратко рече: „Уште една“.

URL

Во другиот натпревар, Бостон Селтикс го совлада Мајами Хит убедливо со 118:84 и со тоа со вкупни 4-1 во четвртфиналната серија се пласираше во полуфиналето и го продолжи походот по шампионскиот прстен.

Со по 25 поени Дерик Вајт и Џејлен Браун беа најдобри кај Селтикс, додека Џејсон Тејтум имаше скромна вечер со 16 поени, но затоа се истакна во скокови (12).

Remote video URL

Во полуфиналето Бостон го чека подобриот од серијата што ја играат Кливленд Кавалирс и Орландо Меџик, а моментално Кавалирс водат со 3-2.

URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе