НБА 2023/2024

Дончиќ брилјираше против Лејкерс, Јокиќ исклучен поради пцовки

Ноќеска во НБА се одиграа пет натпревари, а во центарот на вниманието беше дуелот помеѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс кој заврши со тесна победа на Маверикс од 127:125.

Очекувано се истакнаа најголемите ѕвезди Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Дончиќ го предводеше својот тим до победата благодарение на дабл-дабл учинок од 33 поени и дури 17 асистенции, а Леброн постигна исто толку поени, но со 8 скока и 9 асистенции.

Remote video URL

Ефикасен во тимот на Дончиќ беше и Тим Хардавеј со 32 поена, Австралиецот Данте Ексум уфрли 26, додека Грент Вилијамс 19.

Кај гостите од Лос Анџелес најефикасен беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 37 поени и 11 скокови, а изненадувачки, не направи ниту една асистенција. Двоцифрени беа и Остин Ривс со 22 поена и 8 асистенции и Торин Принс со 15 поени.

Remote video URL

Денвер Нагетс го совлада Чикаго Булс со 114:106, иако Никола Јокиќ не можеше да игра во поголемиот дел од натпреварот.

Имено, на крајот на втората четвртина, Јокиќ беше во пробив покрај својот истоименик Вучевиќ и се обиде да направи леј-ап, но промаши и веднаш почна театрално да бара фаул.

Кога не го доби, Јокиќ упати низа навреди и пцовки кон судијата, кој не сакаше да свири фаул, па го исклучи од игра.

Remote video URL

Јокиќ пред исклучувањето имаше 4 поени, 9 скока и 6 асистенции, додека Вучевиќ мечот го заврши со 26 поени, 16 скока и 5 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Бостон Селтикс - Кливленд Кавалирс 120:113
Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс 127:125
Чикаго Булс - Денвер Нагетс 106:114
Феникс Санс - Голден Стејт Вориос 119:116
Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто Кингс 119:99

Табела:

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе