Доларот падна, цената на нафтата порасна

Цените на акциите на Азија пораснаа денеска, додека доларот ослабе бидејќи американските централни банкари ги задржаа проценките за намалување на каматните стапки оваа година, и покрај зголемената инфлација.

Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 7:00 часот порасна за 1,5 отсто. Истовремено, на Токиската берза индексот Nikkei скокна за речиси 2 отсто, на ново рекордно ниво, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 2,4 отсто.

Инвеститорите беа охрабрени од растот на Волстрит трет ден по ред. Индексот Dow Jones вчера порасна за 1,03 отсто, додека S&P индексот порасна за 0,89 отсто, а Nasdaq индексот 1,25 отсто.

Очекувано, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети во опсег од 5,25 до 5,50 отсто по дводневната седница. Сепак, инвеститорите беа охрабрени од потврдата на централната банка на проценките дека би можеле да ги намалат каматните стапки три пати оваа година, и покрај зголемената инфлација во САД во јануари и февруари.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел го потврди ова на прес-конференцијата. Порастот на инфлацијата во првите два месеци „не ја промени целокупната слика, а тоа е дека инфлацијата, иако со пречки на патот, постепено се спушта кон целното ниво од 2 отсто“, посочи Пауел.

По седницата беа објавени нови прогнози на шефот на ФЕД, при што ја зголемија проценката за економскиот раст годинава од претходните 1,4 на 2,1 отсто.

Додуша, тие ја зголемија и проценката за просечна инфлација оваа година од претходните 2,4 на 2,6 отсто, но тоа не ги загрижи инвеститорите бидејќи челниците на ФЕД сепак веруваат дека би можеле да ги намалат каматните стапки три пати оваа година за по 0,25 отсто.

 

На валутните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, по пораките од ФЕД.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,22 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,35 на 150,45 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, додека вчера во ова време беше 1,0870 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,72 отсто, на 86,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,69 отсто, на 81,80 долари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе