Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, додека доларот ослабна во пресрет на извештајот за инфлацијата во САД, што може значително да влијае на насоката во која ќе се движи пазарот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, со исклучок на Јапонија, околу 7 часот беше во плус 0,3 отсто, враќајќи дел од загубите од вчера.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 0,5 отсто. Во Шангај и Хонгконг тие паднаа за околу 0,1 отсто.

Така, повеќето берзански индекси го следат растот на Волстрит, каде вчера Dow Jones зајакна 1,11 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,15 отсто, а Nasdaq индексот 1,48 отсто.

Во исто време, најмногу пораснале цените на акциите во ИТ секторот, во просек за 1,8 отсто.

Меѓу најголемите добитници беше акцијата на Meta, со скок на цената од приближно 3 отсто, по извештаите во медиумите дека матичната компанија на Facebook подготвува нова рунда отпуштања за да ги намали оперативните трошоци.

Ова го поттикна целиот технолошки сектор, при што акциите на Apple, Amazon, Nvidia и Microsoft се зголемија меѓу 1 и 3 отсто.

Дополнително, инвеститорите се надеваат на поволен извештај за потрошувачките цени, односно инфлацијата, во САД, кој ќе биде објавен во вторник.

Во анкетата на Reuters, аналитичарите во просек очекуваат потрошувачките цени да пораснат за 0,5 отсто на месечна основа во јануари. На годишно ниво, пак, растот на цените би можел да изнесува 6,2 отсто, додека во декември лани тој бил 6,5 отсто.

Инвеститорите се надеваат дека инфлацијата може да ослабне побрзо од очекуваното во иднина, што ќе ја поттикне американската централна банка наскоро да го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки.

На пазарот на пари во моментов се проценува дека конечната каматна стапка, односно каматната стапка со која ФЕД би го завршил процесот на зголемување на цената на парите, до јули ќе достигне 5,1 отсто.

А на девизните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,10 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,65 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 131,65 на 131,80 јени.

Јенот нагло се лула бидејќи трговците се несигурни откако јапонската влада го номинираше Казуо Уеда за нов гувернер на централната банка, што според аналитичарите е прилично изненадување.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0735 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0670 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе за 0,79 отсто, на 85,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,19 отсто, на 79,20 долари.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе